Изгубија 0-4, а во Ѕвезда велат Интер не бил ништо посебно

Црвена ѕвезда загуби од Интер во Милано со 0-4, беа казнети грешките на српскиот тим, а Црвено-белите сметаат дека не биле толку лоши на синоќешниот меч.

Тренерот Владан Милојевиќ мисли дека самите си се победиле.

„Сите голови што ги примивме се директни наши индивидуални грешки и многу е тешко да се игра против кој било тим, а камоли против тим каков што е Интер. Севкупно, на два натпревари од Лигата на шампионите си дадовме себеси шест гола. Примаме наивни голови. Кога некој е млад, не е проблем да има такви грешки, но проблем е што најискусните вака грешат“, рече Милојевиќ.

Капитенот Урош Спајиќ беше виновен за третиот гол кој го постигна Лаутаро Мартинес, бидејќи претходно ја загуби топката пред својот шеснаесетник, Тареми ја освои и асистираше за Лаутаро, кој го совлада Глазер.

Спајиќ по натпреварот ги потенцираше токму тие грешки бидејќи Круниќ погреши при вториот гол, а при првиот, голманот Глејзер можеше подобро да реагира по слободниот удар на Чалханоглу.

„Интер со ништо не нè воодушеви или нè изненади. Мислам дека тие дури и не создадоа некои посебни шанси, освен оние што им ги подаривме. Видовме дека можеме да играме и тие ни дозволија да играме, создадовме неколку шанси, но направивме грешки кои се неприфатливи за ниво какво што е Лигата на шампионите“, изјави Спајиќ.

- Оглас -

Најнови вести