Кралевите и Кнезовите наострени за гостински победи

6018 Астон вила – Баерн (21.00 часот)

Двата тима одлично ја стартуваа сезоната во ЛШ, Англичаните го победија Јанг бојс во Швајцарија со 3-0, додека Баерн приреди историска голеада против Динамо Загреб, па прв е на табелата по првото коло. Викендов Вила и Баерн не победија на своите мечеви во првенството, па во дуелот влегуваат во не баш идеално расположение и форма. Неизвесно е дали за Баварците ќе игра капитенот на Англија, Хари Кејн, кој се повреди против Леверкузен. Ако го нема Кејн, шансите на тимот од Бирмингам за добар резултат растат.

Предлог тип: ГГ & 4+ (2.35)

 

6016 Бенфика – Атл. Мадрид (21.00 часот)

Орлите и Јорганџиите во првото коло победуваа со по 2-1 и сега имаат шанса со победа да останат во горниот дел на табелата во ЛШ, што многу би им значело. Ни реми нема да биде неуспех за Бенфика и Атлетико. Овие два клуба последен пат меѓу себе играа во 2015 година, и на двата меча победуваше тој што беше гостин, и тоа со истиот резултат 1-2. Бенфика даде осум гола на последните два меча во португалската лига, а Атлетико викендов имаше тешко градско дерби, во кое во финишот се спаси од пораз. Атлетико сезонава има само еден меч со повеќе од три гола.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.45)

 

6015 Динамо З. – Монако (21.00 часот)

Тимот на Ристовски и Адеми е пред сериозен тест. Монако е екипа која во првото коло во ЛШ ја победи Барселона, а Модрите беа декласирани од Баерн кога примија 9 гола, но во меѓувреме го сменија тренерот и работите треба да тргнат на подобро. Монако добро игра и во француската лига, каде што има три победи по ред, додека на гости нема пораз уште од април, па домашниот терен и нема да биде преголема предност за Хрватите.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.80)

 

6012 Лил – Реал Мадрид (21.00 часот)

Иако се очекуваше, нема да има братски дуел на Етан и Килијан Мбапе бидејќи помладиот брат е повреден. Килијан отпатува во Франција, но не се знае колку ќе игра. Реал победи, а Лил загуби во првото коло во ЛШ. Кај Реал вечерва ќе го нема Куртоа на голот, но и Лил има проблеми, освен Етан Мбапе, нема да игра ни Англичанецот Гомес, кој доби црвен картон во првото коло против Спортинг. Добра вест за Лил е формата на Канаѓанецот Дејвид, кој викендов даде три гола. Реал има серија од четири меча по ред на кои и дава и прима гол, а на гости Кралевите сезонава добија само еден меч.

Предлог тип: 2 & 2+ второ (2.65)

 

6013 Лајпциг – Јувентус (21.00 часот)

Ова е еден од најинтересните вечерашни мечеви во ЛШ. Лајпциг загуби несреќно во првото коло од Атлетико, а Јуве беше доминантен против ПСВ. Елмас и другарите ќе имаат тешка задача против екипата која по пет кола во Серија А уште нема примено гол. Веројатно ни вечерва нема да има некаква голеада, но борбата е загарантирана. Лајпциг дома не знае за пораз уште од февруари, кога загуби 0-1 од Реал Мадрид.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.71)

- Оглас -

Најнови вести