За првпат во историјата на Лигата на шампионите вечерва може да се случи дури четворица македонски фудбалери да се појават на терените во елитното европско натпреварување.
Дали македонскиот фудбал ќе испише нова светла страница од својата историја, најмногу зависи од тренерите Ненад Бјелица, Марко Розе и Мичел Санчес.
Ако заиграат Стефан Ристовски и Аријан Адеми од Динамо Загреб, Бојан Миовски од Жирона и Елиф Елмас од Лајпциг, ова ќе биде првпат во историјата четворица Македонци да заиграат во ист ден во ЛШ.