Одиграјте ја бесплатната Спортска прогноза, викендот брзо ќе дојде

Типувањето за шестото коло од седмата сезона на бесплатната Спортска прогноза веќе започна, а рокот за да одиграте е до сабота, 14 часот.

Во 13-ката има девет натпревари во сабота и четири неделни мечеви.

Жирона на Бојан Миовски го пречекува Атлетик Билбао, Астон вила е домаќин на Манчестер јунајтед, в недела е и градско дерби меѓу Севиља и Бетис. Во Италија, треба да се типува на пресметката меѓу Фиорентина и Милан.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека ако имате две утки, 11-ката ви носи ваучер од 500 денари.

Треба да се типуваат и двата резервна пара, тие се пресметуваат во трката за генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести