Што е тоа што бекот на Арсенал го користеше во текот на мечот против ПСЖ? (Видео)

Арсенал со 2:0 го победи Пари Сен Жермен во меч кој требаше да биде дерби на второто коло во Лигата на шампионите. Освен головите со кои Топчиите стигнаа до важни три бода, дуелот го одбележа и еден момент, кога во главна улога беше дефанзивецот на Арсенал, Рикардо Калафиори.

При крајот на мечот, Калафиори доби жолт картон, а во тој момент неговиот соиграч Деклан Рајс му подаде суплемент, кој му помогна да се освежи и да му даде сила да доигра до крајот во висок ритам.

Низ социјалите медиуми се прошири дебата за тоа каков суплемент доби Калафиори и дали е тоа дозволено. Се работи за популарен енергетски гел кој дава инстант резултати за фудбалерите. Штом се испие тој гел, фудбалерот добива дополнителна енергија и што е најважно, тоа не е забрането во фудбалот. Всушност, во фудбалот не постои правило за конзумирање енергетски гелови.

Пред почетокот на сезонава, Калафиори направи трансфер од Болоња во Арсенал за сума од 45 милиони евра и веднаш се промовира во важен фудбалер во играта на Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести