Скромно прво полувреме: На шест меча има по еден гол, Реал губи од Лил (Видео)

На седумте стадиони на кои вечерва се играат натпреварите од Лигата на шампионите се постигнати само шест гол по првите 45 минута, и тоа сите шест гола се на различни натпревари. Единствениот натпревар без голови по првиот дел е оној во Бирмингам, помеѓу Астон вила и Баерн Минхен.

Најголемото изненадување по првиот дел е водството на Лил против Реал Мадрид, откако Џонатан Дејвид во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме беше успешен реализатор на најстрогата казна.

Изненадувачко е и водството на Динамо Загреб против Монако, со голот на Петар Сучиќ во третата минута од продолжението.

Ливерпул очекувано има водство во дуелот против Болоња, со погодокот на Алексис Мекалистер, кој во 11-тата минута се најде во вистинско време и на вистинско место да ја затресе противничката мрежа.

Екипата на нашиот Елиф Елмас, Лајпциг, има водство од 1-0 против Јувентус по првиот дел. Единствениот гол бе[о дело на незадржливиот Sловенец, Бенјамин Шешко, во 30-тата минута.

Резултати:

Астон вила – Баерн Минхен 0-0
Бенфика – Атлетико Мадрид 1-0
Динамо Загреб – Монако 1-0
Лил – Реал Мадрид 1-0
Ливерпул – Болоња 1-0
Лајпциг – Јувентус 1-0
Штурм Грац – Бриж 0-1

- Оглас -

Најнови вести