Францускиот Лил го направи најголемото изненадување во новата сезона од Лигата на шампионите откако со 1:0 го победи Реал Мадрид. За тоа колку е ова големо изненадување, покажува и изјавата на тренерот на Лил, Бруно Женезио, кој пред дуелот најави дека играат против најдобриот тим во светот и дека би било логично да загубат.
Сепак, на теренот Лил покажа дека може да се носи и со најдобрите, а на крајот стигна и до победа. Тренерот Женезио беше пресреќен.
„Тоа што го направивме е неверојатно. Знаевме дека треба да имаме „голман кој ќе брани одлично, напаѓач кој ќе даде гол, но и да имаме среќа“. Тимски одиравме одлично, иако во последните 25-30 минути многу бевме притиснати и се браневме, но, за наша среќа, го имавме и одличниот Лукас на голот“, рече Бруно Женезио.
Со овој триумф на Реал Мадрид, стратегот на Лил влезе во друштво на двајца докажани генијалци, Диего Симеоне и и Јирген Клоп. Само овие тројца тренери може да се пофалат дека имаат победи над Пеп Гвадриола, Карло Анчелоти и Жозе Мурињо во мечеви од европските купови.
3 – Coaches who have beaten Pep Guardiola, José Mourinho and Carlo Ancelotti in European competition:
Diego Simeone
Jürgen Klopp
🆕 Bruno GénésioMister. #LOSCRMA pic.twitter.com/vy4LdAPCow
— OptaJean (@OptaJean) October 2, 2024