За мераклиите на џиновски квоти: Бет Билдерот нуди опции со коефициенти од 10 до 45

Европските возбудувања на клупски план продолжуваат и вечерва, со дуелите од Лигата на Eвропа и Конференциската лига на УЕФА. Во една таква ситуација, очекувана е и денешната понуда на Бет Билдерот во Sport Life.

Вкупно 10 различни понуди со по четири комбинации има за дуелите Ференцварош – Тотенхем, Твенте – Фенербахче, Порто – Манчестер јунајтед, Рига – Галатасарај и Елфсборг – Рома.

Џиновски коефициент од 45 има на дуелот Твенте – Фенербахче, а за да биде добитен, потребно е да се поклопат четири комбинации, и тоа: Сам Ламерс да упати повеќе од 3,5 удари кон голот, Сем Стејн да упати повеќе од 1,5 удари во рамките на голот, Един Џеко да упати повеќе од 3,5 удари кон голот и Душан Тадиќ да упати повеќе од 1,5 удари во рамките на голот.

Интересна е комбинацијата и на дербито меѓу некогашните европски прваци Порто и Манчестер јунајтед. Со 20 квота се вреднуваат понудите: Да бидат постигнати над 1,5 погодоци во првото полувреме, да има повеќе од 1,5 картони во првото полувреме, да има повеќе од 5,5 удари во рамките на головите во првото полувреме и да се изведе корнер во првите 10 минути од средбата.

Целата понуда на Бет Билдерот ја имате и на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести