Дисциплинската комиција на ФФМ донесе одлука да ги суспендира стадионите во Кавадарци, Куманово и Неготино со по два меча откако пред 10-тина дена се случија инциденти.
Натпреварот Тиквеш – Вардар беше прекинат бидејќи помошниот судија Гоце Петревски беше удрен со тврд предмет од трибините, а кавадарчани го загубија мечот со службен резултат. Тиквеш веќе еден натпревар беше домаќин во Кичево, па сега му останува уште еден меч за да ја одлежи суспензијата.
Еден натревар суспензија помина и за стадионот во Неготино бидејќи Вардар беше домаќин на стадионот на Академија Пандев во Струмица, а викендов ќе заврши суспензијата на Башкими бидејќи кумановци веќе еден натпревар играа на неутрален терен во Гостивар, оној против Воска во Купот на Македонија, а вториот ќе биде веќе во недела, кога на истиот стадион ќе го одиграат и натпреварот од Втора лига.