Фудбалска глобализација: Динамо во стартните 11 имаше повеќе Французи од Монако!

Екипите на Динамо Загреб и Монако синоќа во Лигата на шампионите одиграа нерешено, 2-2, на „Максимир“, а она што е интересно е што шампионот на Хрватска имаше повеќе Французи во стартните единаесетмина откако претставникот на Франција.

Иако Монако е посебна држава, која од три страни граничи со Франција, сепак настапуваат во француското првенство и се претставници на оваа земја во европските купови.

Единствениот домашен фудбалер во редовите на Монако беше Али-Мање Аклиуче, кој иако има алжирско потекло, сепак настапува со француски пасош. За разлика од нив, во стартната постава на Динамо имаше дури тројца француски интернационалци, и тоа Кевин-Теофил Катерин, Максим Бернауер и Ронел Пјер-Габриел.

- Оглас -

Најнови вести