Ливерпул ја пронајде замената за Салах: Фудбалерот кој постигна хет-трик во ЛШ пристигнува на „Енфилд“

Најдобриот фудбалер на Ливерпул веќе неколку сезони по ред е репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах. Сепак, се чини дека тој ја игра својата последна сезона на „Енфилд роуд“, па „црвените“ веќе се во потрага по неговиот наследник.

Изборот на раководството на Ливерпул падна на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, кој во вторникот постигна хет-трик во мечот од Лигата на шампионите против Селтик, па веројатно и тоа беше една од причини да се најде на радарот на Ливерпул. Според шпекулациите, раководството на Ливерпул е подготвено да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести