Шчесни нема загарантирано место меѓу стативите во Барселона: „Дојдов да се борам“

Поранешниот полски репрезентативец, Војчех Шчесни, на крајот од минатата сезона објави дека заминува во фудбалска пензија, но таа траеше многу кратко. Шчесни се одлучи да ја прекине пензијата и да му се врати на фудбалот, откако дојде повикот од Барселона, која на неколку месеци остана без Тер Штеген, кој заработи тешка повреда.

„Каталонците“ останаа само со Ињаки Пења на голот, па итно им беше потребен голман, а полскиот интернационалец позитивно одговори на повикот, но нема да има загарантирано место помеѓу стативите.

„Во фудбалот не постојат гаранции, така и мене не ми е загарантирано местото во првата постава. Тука сум да се натпреварувам. Ако ја изгубам таа битка и Ињаки Пења биде добар оваа сезона, нема да бидам тажен. Клубот ме замоли за помош и јас сум тука.“ – рече Шчесни.

- Оглас -

Најнови вести