Поплава во Рим, а имаше дожд и од голови за прво место на Лацио во Лига Европа

Лацио, Тотенхем и Андерлехт се трите тима кои во моментов се на првите три позиции на табелата во Лига Европа, откако победија на своите вечерашни мечеви, иако сите овие три тима примија гол.

Лацијалите на многу силен дожд и мокар терен на „Олимпико“ беа убедливи со 4-1 (најефикасен меч од сите во Лига Европа кои се играа од 18.45 часот) против Ница и тие се први на табелата, Тотенхем славеше на гости кај Ференцварош со 2-1, а победата на Андрлехт на гости кај Реал Сосиедад од 2-1 може да се смета за изненадување на вечерта по кое и белгискиот тим има 6 бода.

Во Конференциската лига, дожд од голови имаше во Белгија каде Серкл Бриж го совлада Сент Гален со 6-2. Убедливи на стартот беа и Молде против северноирски Ларн со 3-0, и кипарска Омонија која го разби исландски Викингур со 4-0.

Изненадување е поразот на Бетис од 0-1 во Варшава против Легија, а Алекса Амановиќ го одигра целиот меч за Астана во победата од 1-0 над ТСЦ Бачка Топола.

- Оглас -

Најнови вести