Алкалоид му се придружи на Охрид како единствени две екипи кои редат само победи по пет кола и се на врвот на ракометната суперлигашка табела.
Тимот предводен од селекторот на машката македонска репрезентација, Кирил Лазаров, вечерва на гостувањето во Кавадарци кај ГРК Тиквеш, чиј тренер е селекторот на женската македонска репрезентација, Кристијан Грчевски, победи со 31-25.
Фармацевтите го контролираа резултатот во најголем дел од мечот и победата не им беше загрозена. Најефикасни во победничката екипа беа Марко Митев и Мартин Серафимов со по 5 гола, а кај Тиквеш се истакнаа Аби Обина со 6 погодоци и Игор Арсиќ со 11 одбрани.