Порто и Манчестер јунајтед приредија спектакл вечерва на „Драгао“, средбата од Лигата на Европа заврши 3-3.
Црвените ѓаволи по 20 минути водеа со 2-0, а само 14 минути подоцна беше 2-2. Португалскиот тим беше пред победа, водеше 3-2, имаше и човек плус на теренот по исклучувањето на Бруно Фернандеш, кој за неколку дена по вторпат заработи црвен картон. Кога се мислеше дека нема спас за гостите и барањата за оставка на менаџерот Ерик Тен Хаг ќе станат посилни, Хари Мегваер даде гол со глава за 3-3 во судиското продолжение.
На вечерашните мечеви во Лигата на Европа, неочекувано загуби Рома во Шведска од Елфсборг со 0-1.
По две кола во Лигата на Европа, максимални 6 бода имаат Лацио, Лион, Тотенхем, Стеауа (ФЦСБ) и Андерлехт.
Ова е голот на Мегваер по корнерот на Ериксен:
HARRY MAGUIRE THE GOATTTT#MUFC #FCPMUFC #PORMUN #UEL pic.twitter.com/RcPZjGU1Bj
— Zen. (@Zenny0) October 3, 2024