Манчестер јунајтед водеше со 2:0 на гостувањето кај Порто, но на крајот се спасуваше од пораз. Во дуелот на двата некогашни европски прваци, овојпат во Лигата на Европа, на стадионот „Драгао“, Порто постигна три погодоци по ред и стигна до предност, но Хари Мегваер со погодок со глава во 90+1 минута израмни на 3:3.
Можеби Манчестер може да е задоволен од ова реми, но ако се поголедне големата слика, англискиот гигант едноставно заборави да победува во европските купови. Во последните 10 натпревари, Црвените ѓаволи имаат само еден триумф, дури пет порази и четири нерешени.
Тоа е очаен биланс за клуб со толкав буџет, клуб кој до пред неколку години беше страв за сите ривали во Европа. Многумина сметаат дека потребна е смена на тренерската позиција, но Ерик тен Хаг не сака да си замине, а ако добие отказ, ќе треба да му бидат исплатени 17,5 милиони евра.
Резултати од последните 10 меча на Манчестер јунајтед во Европа:
Манчестер ј. – Севилја 3:3
Севилја – Манчестер ј. 3:0
Баерн Минхен – Манчестер ј. 4:3
Манчестер ј. – Галатасарај 2:3
Манчестер ј. – Копенхаген 1:0
Копенхаген – Манчестер ј. 4:3
Галатасарај – Манчестер ј. 3:3
Манчестер ј. – Баерн М. 0:1
Манчестер ј. – Твенте 1:1
Порто – Манчестер ј. 3:3