Дали ова е најдобрата голманска одбрана во историјата на ракометот? (Видео)

Голманот на бразилскиот ракометен клуб Таубата, Лукас Сантос, ја имаше една од најдобрите одбрани во историјата на овој спорт. На Светското клупско првенство, Таубата во мечот за пласман од петто до деветто место играше против Замалек од Египет, а на почетокот од второто полувреме Сантос имаше спектакуларна одбрана.

Беше досуден пенал за Замалек, Сантос успеа да го одбрани, но одбиената топка се врати повторно до противничкиот играч. Иако паднат, и голот беше речиси празен, бразилскиот голман успеа на акробатски начин, со нога повторно да одбрани.

 

- Оглас -

Најнови вести