Екипата на Челзи без поголеми проблеми славеше над Гент со 4:2 во меч од второто коло на Конференциската лига на УЕФА. Англискиот тим сезонава ќе игра во најслабото европско натпреварување и сигурно ќе биде меѓу фаворитите за освојување на трофејот.
Со постигнувањето на четири погодоци синоќа на „Стемфорд бриџ“, Челзи стигна до едно постигнување кое го немаше направено повеќе од 12 години, а тоа е да спои три натпревари на кои постигнува 4+ погодоци.
Челзи е во одлична форма и има пет победи по ред, а на последните три дуели победува со 4:2 против Гент во Конференциската лига на УЕФА, со 4:2 против Брајтон во Премиер лигата и со убедливи 5:0 над Бароу во Лига купот на Англија.
Педантните статистичари пресметаа дека точно 4.367 дена поминале откако Челзи последен пат постигнал 4+ погодоци на три дуели по ред. Тоа било кога ги победувале Нордсјиланд со 4:0, Норвич со 4:1 и Тотенхем со 4:2.