Серхио Рамос ќе биде замената за повредениот Бремер во Јувентус?!

Екипата на Јувентус забележа тешка, но значајна победа на гостувањето кај Лајпциг од 2-3, но остана без услугите на дефанзивецот Глејсон Бремен. Бразилецот ги скина лигаментите и оваа сезона за него веќе е завршена.

На Старата дама сега не ѝ останува ништо друго освен да почне да ја бара замената за него. Во моментов најсериозен кандидат е Серхио Рамос, легендата на Реал Мадрид, кој од летово е без клуб и веднаш може да потпише договор. Шпанецот летово одби понуди од МЛС-лигата, Саудиска Арабија и Бразил, па доколку ја прифати понудата од Јувентус, за првпат во кариерата ќе настапува во Серија А, со оглед на тоа дека претходно настапуваше за Севиља, Реал Мадрид и ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести