Мурињо има понуда од Премиер лигата, си оди од Фенер само по три месеца?!

Фенербахче веќе 10 годинби чека на освојување на титулата во првенството на Турција, а една од коцките во сложувалката е доведувањето на Жозе Мурињо за тренер. Преселбата на Специјалниот крај Босфорот беше големо изненадување, но сега Португалецот може да си замине од Истанбул после само три месеци.

Во англиските медиуми се појавија шпекулации дека токму Мурињо е прв кандидат за клупата на Евертон, а познато е дека желбата на Специјалниот е да работи во Премиер лигата.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1842107889856450922?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1842107889856450922%7Ctwgr%5Ee8e096e2c7f29178c97e9d565eee84e9e4245994%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fjose-mourinho-fenerbahce-everton-ponuda%2F483354

Англија е „ветената“ земја за Мурињо, со оглед на тоа дека неговото семејство живее таму откако тој беше тренер на Челзи. Сепак, враќањето на Мурињо во Премиер лигата не е можно да се случи веднаш бидејќи прво треба да биде комплетно завршен купопродажниот договор, а дури потоа ќе се одлучува за новиот тренер. Во оваа ситуација сигурно дека се прашува и Фенербахче, бидејќи Португалецот има двегодишен договор со клубот од Турција.

- Оглас -

Најнови вести