Џанлуиџи Донарума може да биде преселен на клупата за резерви во Пари Сен Жермен затоа што тренерот Луис Енрике бил незадоволен од изданието на Италијанецот на мечот против Арсенал.
Донарума направи две грешки против Топчиите, парижаните загубија со 0-2.
Доаѓањето на Русинот Матвеј Сафонов летоска ја зголеми конкуренцијата во клубот на голманската позиција. Останува да се види дали Луис Енрике в недела вечер против Ница ќе му даде предност на Сафонов во однос на Донарума.
На голманската позиција во ПСЖ е и Арнау Тенас, кој дојде од Барселона, а летоска освои златен медал со шпанската селекција на олимпискиот турнир во Париз.
За потсетување, Луис Енрике го изостави Усман Дембеле од мечот со Арсенал поради недисциплина и непочитување на тимот. Шпанецот е познат по тоа што сака да покаже цврста рака, па нема да биде изненадување ако Донарума се пресели на клупата за резерви.