Дугополје и Цибалија одиграа 1-1 во осмото коло од првата фудбалска лига на Хрватска, која е втора по ранг во хрватскиот фудбал, а фрапантни беа условите за игра на стадионот „Хрватски Витезови“.
Теренот во градот во близина на Сплит беше посоодветен за ватерполо отколку за фудбал. Домашниот играч Марко Тешија во една ситуација падна и се потопи во една од многуте големи барички на тревникот.
И покрај тешките, нерегуларни услови за игра, фудбалерите на двете екипи одиграа борбено и постигнаа по еден гол.