Мареска: Челзи не може да се бори за титула со Манчестер сити и Арсенал

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, вели дека е „убеден“ дека Сините сезонава не може да се натпреваруваат за големи трофеи со Манчестер сити и Арсенал.

Италијанскиот стручњак има добар почеток, со него тимот победи на седум од 10 натпревари, Челзи во моментов на табелата во Премиер лигата е само два бода зад лидерот Ливерпул.

Сепак, Мареска повика на претпазливост во врска со способноста на неговиот тим да освојува големи трофеи во текот на неговата прва сезона.

„Навистина мислам дека не можеме да се натпреваруваме со Сити или Арсенал. Не сме подготвени. Причината е што Сити со ист менаџер работи девет години, а Арсенал пет години, јас сум тука само три месеци, тоа е огромна разлика. Ако сакате да се натпреварувате за големи работи, потребно е време. Убеден сумдека не можеме да се натпреваруваме со тие клубови“, рече Мареска.

Челзи потрошија 1,5 милијарди фунти во последните пет преодни рока, а во последно време инвестициите почнаа да даваат резултати и некогашниот англиски и европски првак се крева по кризата.

- Оглас -

Најнови вести