Суспензија од осум меча за црногорскиот канибал кој гризна противник

Фудбалерот на Престон, 25-годишниот Црногорец Милутин Осмајиќ, е суспендиран на осум натпревари и ќе мора да плати 15.000 фунти за насилничко однесување бидејќи го гризнал играчот на Блекбурн, Овен Бек, одлучи Дисциплинската комисија.

Инцидентот се случи на 22 септември, кога во финишот од дуелот помеѓу Престон и Блекбурн од англискиот Чемпионшип, црногорскиот фудбалер го гризна противникот во пределот на вратот.

Осмајиќ призна дека направил насилно однесување и тоа беше олеснителна околност за него.

Интересно, Осмајиќ доби само жолт картон на самото место, а Бек директен црвен за фаул над противник. Но, по прегледувањето на снимките, дисциплинската комисија реши жестоко да го казни и подгоричанецот.

Овој негов потег неодоливо потсетуваше на слични испади кои во минатото ги имаше славниот Уругваец Луис Суарес.

Гризнатиот Бек објави фотографија од „печатот“ кој му го остави Осмајиќ.

- Оглас -

Најнови вести