Палмер се изнадава голови во Премиер лигата, а во репрезентацијата ќе игра како лев бек?

Иако во моментов е поефикасен од кој било англиски фудбалер што игра во Премиер лигата, за Кол Палмер од Челзи нема место во нападот и средниот ред на Гордиот Албион, но би можело да игра за националниот тим како – лев бек!

Ова, меѓу редови, го најави селекторот Ли Карсли пред дуелите со Грција и Финска.

Позицијата лев бек веќе некое време е проблематична за Англија. Најчесто таму игра Киран Трипие, кој е десен бек. Но, Трипие не е на најновиот список на привремениот селектор за октомвриските мечеви. Повреден е и Лук Шоу.

Карсли беше прашан од новинарите кои се неговите планови и кого има намера да го користи како лев бек, а тој откри дека идентификувал група играчи за кои верува дека можат да играат и ги именувал Трент Александер-Арнолд, Букаја Сака и Кол Палмер.

Александер-Арнолд е десно крило, а Сака иако се истакнува на позицијата десно крило, на почетокот од сениорската кариера често играше како лев бек, па Англичаните не беа изненадени што Карсли ги спомна, но името на Палмер ги изненади сите.

Палмер ја одигра целата своја кариера исклучително офанзивно, или зад напаѓачот како полушпиц или како крилен напаѓач. Во минатата сезона беше втор најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола, а моментно е на истата позиција со шест гола од исто толку натпревари.

- Оглас -

Најнови вести