Кошаркарите на Фенербахче успешно ја отворија новата сезона во Евролигата. Турскиот тим на домашен терен славеше против лутиот ривал Олимпијакос со 82-71.
Фенербахче го доби првиот период со 17-13, но потоа дојдоа мигови на Олимпијакос. Грчкиот тим направи пресврт и на полувреме замина со четири поени предност (32-36).
Сепак, домаќинот бодрен од фанатичните навивачи беше подобар во третата четвртина со 25-20, а во последниот период и дефинитивно го скрши отпорот на Олимпијакос.
Вејд Болдвин со 19 поени и Најџел Хејес и Моузес Врајт со по 15 поени го предводеа Фенербахче до триумф на овој натпревар.