Погба ќе може да почне да игра во март, но не во дресот на Јувентус

По веста дека на Пол Погба ќе му биде намалена суспензијата за допинг од 4 години на 18 месеци, и дека ќе има право се врати на фудбалските терени во март, а со тренинзи може да почне во јануари, дојде и мал „студен туш“ за Французинот.

Неговиот клуб Јувентус не смета на Погба и најверојатно ќе дојде до раскин на договорот според кој фудбалерот за врска заработува по 10 милиони евра по сезона со што е најскап играч на Старата дама.

Ако се остварат овие најави од Италија, Погба ќе стане слободен играч на почетокот на следната година и сам ќе може да одлучи во кој клуб ќе игра. Инаку, сега, за време на суспензијата, Погба од Јуве добива „минималец“ од околу 2.000 евра месечно.

- Оглас -

Најнови вести