Сите се држеа за глава, шокантен примен гол кој голманот на Лидс ќе сака да го заборави (Видео)

Сандерленд „несакајќи“ освои бод по ремито 2-2 на домашен терен против Лидс во натпреварот од 9. коло од англискиот Чемпионшип и затоа треба да му се заблагодарат на противничкиот голман Илан Мелие.

Францускиот голман прими смешен гол и ова е срамен момент за него кој ќе сака брзо да го заборави.

Во 97. минута, топката се одби од главата на Жуниор Фирпо, и тргна голот на Лидс, а голманот наместо да ја прифати во раце, дозволи да помине покрај него и да влезе во голот.

Гледачите, играчите и тренерите не можеа да поверуваат дека Мелие не ја прифати топката која воопшто не беше ни брза ниту незгодно отскокна.

- Оглас -

Најнови вести