Брони Џејмс за првпат заигра во дресот на Лос Анџелес лејкерс и не се прослави на подготвителниот дуел против Минесота. Постигна само еден кош и заврши со два поени, а Езерџиите беа поразени со 107-124.
Брони поентираше во последната четвртина кога неговиот тим веќе губеше со 20 поени разлика, но публиката гласно ги прослави кошот. Во двата тима фалеа најдобрите играчи.
Следниот меч на Лејкерс и во ноќта недела кон понеделник кога ќе се сретнат против Феникс санс. Брони Џејмс утре полни 20 години и најверојатно тоа ќе биде ден за историја на НБА, затоа што се најавува настап и на Леброн Џејмс, па за првпат на еден меч ќе играат татко и син, и тоа како соигрчи во ист тим.
BRONNY SCORES HIS FIRST BUCKET AS A LAKER 🙌 pic.twitter.com/LmP6M0CyJb
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 5, 2024