Мастерс во Шангај: Алкараз и Синер завршија работа, на ред е Ѓоковиќ

Карлос Алкараз кој ја освои титулата на турнирот во Пекинг, со добри игри продолжи и во Шангај.

Шпанскиот тенисер немаше проблем со 19-годишниот Кинез Шанг, и го совлада со 6-2, 6-2, па се најде во 16-финалето каде повторно ќе има противник од земјата во која се игра Мастерсот, тоа е Јибинг Ву.

Првиот носител Јаник Синер, во 16-финалето влезе преку победа над Таро Даниел од 6-1, 6-4. Италијанецот во следната рунда ќе се сретне со Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.

Новак Ѓоковиќ кој имаше среќа во ждрепката и ги избегнува Синер и Алкараз до финалето, од 12.30 игра со Американецот Микелсен. Победата на Србинот не би требало да биде доведена во прашање, а ако ја мине пречката, во наредното коло ќе игра со ветеранот Вавринка или Италијанецот Коболи.

- Оглас -

Најнови вести