Повторно „виси“ Тен Хаг, Манчестер јунајтед веќе има договорено нов менаџер

Управниот одбор на Манчестер Јунајтед ќе одржи состанок најдоцна 48 часа после неделниот натпревар од Премиер лигата против Астон Вила во Бирмингем за да разговара за иднината на менаџерот Ерик Тен Хаг, објавија англиски медиуми.

На состанокот ќе присуствуваат косопствениците Сер Џим Ретклиф и Сер Дејв Брејлсфорд, како и главниот извршен директор Омар Берада, спортскиот директор Ден Ешворт и техничкиот директор Џејсон Вилкокс. Уште еден од сопствениците на Јунајтед, Џоел Глејзер, исто така ќе дојде од САД за да присуствува на состанокот. 

Се претпоставува дека менаџерот Тен Хаг би можел да добие отказ доколку Црвените ѓаволи загубат од Астон Вила. 

Од Германија доаѓаат информации дека Манчестер јунајтед е подготен да почне преговори со Томас Тухел да стане менаџер на Ѓаволите, а во меѓувреме Руд Ван Нистелрој би ја водел екипата како привремен тренер.

Тухел е без работа откако пред три месеци го напушти Баерн Минхен. Тој ужива голем углед во Англија, благодарение на триумфот во Лигата на шампионите со Челзи во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести