Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот тешка повреда заработи Дани Карвахал. Фудбалерот после еден судир лежеше на теренот и на сите им беше јасно дека страдаа лигаментите на коленото, најтешката повреда која може да ја добие еден фудбалер.
Самиот фудбалер со објава на социјалните мрежи потврди дека првите проценки се дека ги скинал лигаментите и сега го очекува операција и долг процес на рехабилитација.
„Потврдена ми е озбилна повреда на лигаментите. Морам да одам на операција и нема да играм неколку месеци. Веќе се радувам на почетокот на рехабилитацијата и враќањето на терените. Ви благодарам на сите за пораките.“ – напиша Карвахал.
Ова практично значи дека сезоната за него е завршена, со оглед на тоа дека на терените ќе може да се врати за околу девет месеци.