Перо Антиќ: Кога-тогаш, ќе го донесам Богдан во Црвена ѕвезда

Македонската кошаркарска легенда и актуелен претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, за време на посетата на Лакташи каде го следеше дуелот од АБА лигата помеѓу Игокеа и Будуќност, зборуваше за блискиот однос со српскиот бек Богдан Богдановиќ со кој играа заедно во Фенербахче.

„Пред два дена се допишувавме. Постојано сме во контакт, се шегуваме, бевме и цимери. Ќе го донесам во Црвена ѕвезда кога-тогаш. Тој вели дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но јас мислам дека тоа ќе биде во Ѕвезда“, се смее Антиќ.

Богдан се подготвува за својата седма сезона во НБА лигата

- Оглас -

Најнови вести