Астон Вила и Манчестер јунајтед одиграа 0-0, а Челзи дома киксираше против Нотингам форест, играјќи само 1-1 во дуел од Премиер лигата.
Најавите од Англија беа дека за менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик Тен Хаг, мечот во Бирмингем ќе биде тест дали ќе остане на клупата, а нерешениот резултат ја остава ситуцијата неизвесна. Инаку, Јунајтед во седум кола има постигнато само 5 голови, послаба реализација од нив има само Саутхемптон. Последен пат 8 бода по седум кола имаа во сезоната 1989/90, најслабата сезона за Алекс Фергусон како менаџер.
Челзи не ја продолжи серијата ефикасни игри и освои само бод против Шумарите. Гостите 25 минути (12 од регуларниот дел и 13 од судиското продолжение) беа со човек помалку на терен, но ги издржаа налетите на противникот.