Левандовски е гол-машина, направи хет-трик за 31 минути и 6 секунди

Барселона води со 3-0 по првото полувреме на гостувањето кај Алавес, а стрелец на сите три гола беше Роберт Левандовски кој има одлична сезона и покажува дека клубот греши кога најавуваа дека сакаат да го продадат.

Третиот гол на Левандовски падна по 31 минута и 6 секунди игра, што го прави еден од најбрзите хет-трикови во историјата на Барса. Полјакот на својот 78-ми настап дојде до својот 50-ти гол во шпанската лига. Само на шест играчи во историјата им требале помалку средби за таков скор.

Каталонците сезонава ги газат своите противници во првите полувремиња. Барса има дадено 13 гола во првите полувремиња на деветте меча досега во Ла Лига, а за споредба, Реал Мадрид има само 4.

- Оглас -

Најнови вести