Барселона се врати на победнички патеки во Ла Лига откако претходно неочекувано загуби од Осасуна со 4-2. Затоа денеска каталонскиот тим немаше никакви проблеми да слави на гости против Алавес со 0-3.
Роберт Левандовски беше човекот на одлука. Полскиот интернационалец постигна хет-трик за вкупно 25 минути во првото полувреме.
Го отвори резултатот во седмата минута, зголеми на 0-2 во 22-рата минута, а десет минути подоцна постигна и трет погодок.
Барселона е лидер на табелата во Ла Лига и оди на репрезентативна пауза со три бода предност во однос на најголемиот конкурент Реал Мадрид, кој се наоѓа на втората позиција.