Тиквеш ја одржува традицијата, в четврток ќе се одржи 24-тото издание на турнирот „Вуко Каров“

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш и оваа сезона ќе го организира традиционалниот фудбалски турнир „Вуко каров и тиквешките легенди“. По 24-ти пат турнирот ќе се одржи в четврток, на 10 октомври, а на него ќе учествуваат домаќинот Тиквеш, Работнички и Брегалница.

Турнирот ќе се игра во еден ден, по „италијански систем“, секој против секого, во три полувремиња од по 45 минути.

Во првиот натпревар од 12 часот ќе се сретнат Тиквеш и Работнички, потоа турнирот продолжува со дуелот од 13 часот меѓу Тиквеш и Брегалница, а на крајот, од 14 часот, силите ќе ги одмерат Работнички и Брегалница.

- Оглас -

Најнови вести