Нов пораз на Црвена ѕвезда во АБА лигата

Актуелниот шампион на АБА лигата, тимот на Црвена ѕвезда, го доживеа вториот пораз во првите три кола од новата сезона во регионалното натпреварување. Црвено-белите изненадувачки загубија на гостувањето кај Сплит со 85-78.

По триумфот над Париз во Евролигата, речиси никој не очекуваше дека Црвена ѕвезда нема да победи против Сплит. Сепак, очигледно дека гостите многу лабаво си ја сфатија задачата на овој меч.

Сплит во завршницата на мечот направи серија од 8-0, и од негатива 69-71, дојде до предност од шест поени (77-71) и потоа успеа да ја одржи до крајот.

Давид Шкара со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим на Сплит, а исто толку постигна и Немања Недовиќ во составот на Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести