Футсал репрезентацијата на Бразил е нов светски првак откако триумфира на Мундијалот, кој денеска заврши во Узбекистан. Во големото финале, Кариоките со 2:1 славеа над големиот ривал Аргентина и шести пат е планетарен шампион.
Бразилците кои беа фаворити пред финалето, поведоа со 1:0 со голот на Ферао по асистенција на Марсенија во шестата минута.
https://twitter.com/i/status/1842958650132046089
Во 13-тата минута, Бразил поведе со 2:0 благодарение на голот на Рафаел дос Сантос. Аргентина во второто полувреме тргна со сите сили во напад, Гаучосите играа со голман-играч и постигнаа гол за 2:1, но немаа сили да израмнат, па трофејот за светски првак заврши кај Бразилците.
Денеска се одигра и мечот за третото место, а Украина беше убедлива и со 7:1 ја победи Франција. До 15 минути пред крајот, Украина водеше само со 2:1, а потоа следуваше гол-шоу и сосема заслужено Украинците се радуваа на бронзениот медал.