Црвена ѕвезда продолжува со убедливи игри во домашното првенство откако стигна до деветата победа во десеттото коло. Црвено-белите со 3:1 славеа на гости кај ИМТ Нови Београд, тим кој е на претпоследното место на табелата само со осум бодови.
Милсон погоди за водство на актуелниот првак во 35-тата минута, но изненадување беше тоа што се случи во 56-тата минута. Гостите загубија една топка на средината од теренот, домашниот играч Курт тргна во напад и забележа дека голманот на Црвена ѕвезда е далеку од гол-линијата.
Со шут од околу 40 метри, Курт успеа да ја затресе мрежата на фаворитот и да израмни на 1:1.
View this post on Instagram
Сепак, Црвена ѕвезда до крајот не дозволи да киксира и со погодоците на Родиќ и Силас стигна до триумф од 3:1.