Атлетико Мадрид во девет кола од Ла Лига нема пораз, но има повеќе нерешени резултати (пет) отколку победи (четири). Диего Симеоне сигурно ќе го запамети добро името на хрватскиот интернационалец Лука Сучиќ, кој го скрати неговиот тим за триумф на гостувањето во Сан Себастијан.
Сучиќ погоди во 84-тата минута за израмнување на 1-1 откако Хулијан Алварес уште во првата минута донесе предност за Атлетико Мадрид.
Сега мадриѓаните се на третата позиција со 17 бода, седум помалку од лидерот Барселона.