Кристијано Роналдо и Ал-Наср имаат договор до следното лето, но медиумите во Саудиска Арабија пренесуваат дека преговорите за потпишување нов договор и официјално се започнати.
Португалецот иако има 39 години, сепак не планира да се пензионира и негова цел е да настапи за репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година и така да влезе во историјата како прв фудбалер кој играл на шест Мундијали. Втората цел е да дојде до бројката од 1.000 голови во кариерата.
Нема сомнеж дека Ал-Наср ќе го „убеди“ Кристијано Роналдо да го продолжи договорот, а тоа би значело дека екипата од Саудиска Арабија ќе биде последната во кариерата на Португалецот и тој веќе нема да се враќа во Европа.