Деновите на Тен Хаг му се одбројани: Претставници на Манчестер јунајтед се сретнале со Тухел во Монако

Ерик Тен Хаг не ја искористи ниту втората шанса која му беше дадена од раководството на Манчестер јунајтед. Сепак, додека Сер Џим Ретклиф ја префрла одговорноста на спортскиот сектор и изјавува дека прашањето за тренерот не е негова одговорност, испрати свои претставници на преговори со потенцијалниот нов тренер.

Според англиските медиуми, Томас Тухел и претставници на Манчестер јунајтед се сретнале во Монако и преговорите ќе продолжат. Црвените ѓаволи моментно се наоѓаат на 14-тото место на табелата во Премиер лигата, само со осум освоени бода во првите седум кола, а критиките доаѓаат од сите страни.

Ангажирањето на Тухел би било финансиски најисплатливо решение за Манчестер јунајтед бидејќи тој моментно е без клуб по заминувањето од Баерн Минхен на крајот од минатата сезона, што значи дека клубот нема да мора да плаќа отштета.

Што се однесува до останатите кандидати, според обложувалниците, Герет Саутгејт и Руд ван Нистелрој исто така се потенцијални наследници на Тен Хаг. Сепак, многумина веќе го отфрлаат Саутгејт како реална опција, со оглед на неговата историја како поранешен селектор на Англија.

Манчестер јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата од 1990 година и очигледно е дека промените се неизбежни бидејќи моментно делува дека сегашниот тренер нема контрола над тимот.

- Оглас -

Најнови вести