Манчестер сити ја доби првата важна битка против Премиер лигата

Манчестер сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијални договори. Независен панел ги прогласи правилата на Премиер лигата во однос на трговските трансакции меѓу клубовите и поврзаните страни, како што е договорот на Граѓаните со „Етихад“, за незаконски.

Овој случај е целосно независен од големиот процес што ги разгледува 115-те обвиненија поднесени од Премиер лигата против клубот за финансиски прекршувања.

Правилото за трансакции со поврзани страни го спречи потпишувањето на два големи спонзорски договори на Манчестер сити. Целта на воведувањето на ова правило, кое стана реалност по купувањето на Њукасл од страна на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, беше да се осигури дека сите трансакции помеѓу даден клуб и други лица поврзани со сопствениците на тој клуб се извршуваат по фер пазарна вредност, а не по надуени цени со кои клубовите би го прикажувале своето финансиско работење во подобра светлина. Оттогаш, Бордот на Премиер лигата ги разгледува сите трансакции за да се увери дека операциите се вршат по фер пазарни услови.

Панелот даде детално објаснување за својата одлука, а една од цитираните причини беше тоа што правилата не важат за заеми од сопственици или акционери.

Од Манчестер сити го коментираа решението со задоволство.

„Фудбалскиот клуб Манчестер сити им се заблагодарува на истакнатите членови на Арбитражниот трибунал за нивната работа и дискусиите и го прифаќа нивното решение“, истакнаа од клубот.

Од Премиер лигата исто така излегоа со став, истакнувајќи дека пропустите во правилата брзо можат да се коригираат.

„Го прифаќаме решението на Трибуналот. Тие идентификуваа мал број елементи од правилата кои во својата актуелна форма не ги почитуваат правилата на натпреварувањето и законските барања. Тие елементи брзо и ефикасно може да бидат коригирани од страна на Лигата и клубовите“, се вели во соопштението на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести