Уште една тешка повреда на фудбалер во Топ 5 лигите во Европа

Италијанскиот калчолигаш Торино претрпе сериозен удар откако стана јасно дека нивниот најдобар стрелец, Дуван Запата, заработи сериозна повреда за време на натпреварот против Интер и практично за него сезоната е завршена.


Колумбискиот напаѓач ќе биде отсутен од терените од осум до десет месеци. Тоа е уште една сериозна повреда на фудбалер од Топ лигите во Европа.

„Прегледите на кои беше подложен Дуван Запата покажаа повреда на предните вкрстени лигаменти, медијалниот менискус и на латералниот менискус. Торино со љубов го прегрнува Дуван и сака што поскоро да го види повторно на теренот“, објави клубот на својата официјална страница.

Запата, кој е странецот со најмногу постигнати голови во Серија А заедно со Пауло Дибала (и двајцата имаат по 124 погодоци), постигна гол против Интер во саботата, при поразот на неговиот тим со 2-3.


Сепак, во 84-тата минута беше изнесен на носилки и принудно го напушти натпреварот поради сериозната повреда.

- Оглас -

Најнови вести