Шпанскиот фудбалски великан Андрес Иниеста, преку социјалните мрежи потврди дека се простува од фудбалот. Иниеста, кој има 40 години, тоа го направи со објава на емотивно видео на кое зборуваат луѓе кои биле дел од неговата кариера и се потсетува на многуте убави моменти што ги има поминато.
Иниеста во фудбалска пензија заминува како фудбалер на тимот на Емирати од ОАЕ. Во кариерата има играно само уште за Барселона и Висел Кобе. Светскиот блесок Иниеста го имаше како играч на каталонскиот гигант, тим со кој ги освои сите можни трофеи. Вкупно одигра 442 натпревари за Барселона.
Освен на клупски план, Иниеста блескаше и во националниот тим на Шпанија. Се радуваше на две титули на Европско првенство, а на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година токму Иниеста го постигна победничкиот гол во финалето против Холандија.
View this post on Instagram