„Денот Д“ во Манчестер јунајтед, ќе се решава за судбината на менаџерот Тен Хаг

Иднината на менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе биде решена во текот на денешниот ден, и тоа на состанок во Лондон, каде што ќе се сретнат челниците на клубот кои викендов беа и на „Вила парк“ во живо да го гледаат мечот со Астон вила кој заврши 0-0.

На состанокот ќе присуствува целото раководство на Црвените ѓаволи, предводено од клупскиот косопственик Џим Ретклиф, а главна тема ќе биде судбината на тренерот.

Според најавите, доколку Тен Хаг биде отпуштен, на негово место како привремено решение ќе дојде помошникот Руд ван Нистелрој.

По 7 одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на незадоволителното 14-то место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести