Гвардиола ќе го „украде“ несуденото засилување на Ливерпул

Манчестер сити е подготвен да биде активен во зимскиот преоден рок. Пеп Гвардиола не е задоволен како изгледа неговиот тим без Родри, поради што клубот ќе излезе на трансфер-пазарот во јануари.

Според шпанскиот „Релево“, Манчестер сити е подготвен да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра и да го донесе Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Зубименди имаше подготвен договор со Ливерпул летово, кој исто така го информира Реал Сосиедад дека е подготвен да плати 60 милиони евра, но Шпанецот одби да го напушти својот матичен клуб.

Сепак, делува дека се покајал за својата одлука бидејќи Реал Сосиедад ги продаде своите првотимци Микел Мерино и Робин Ле Норман, а не доведе соодветни засилувања и покрај заработката од над 70 милиони евра.

Во целата ситуација голема улога игра и менаџерот Пеп Гвардиола, кој веројатно бил вклучен во преговорите за трансферот.

Зубименди би бил замена за Родри, а подоцна и алтернатива, особено ако се земе предвид дека Матеус Нуњес не ги исполни очекувањата, а дека Кевин де Бројне и Илкај Гундоган се во поодминати години и можеби налето ќе го напуштат „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести