Сензација од Мадрид: Серхио Рамос се враќа на „Сантијаго Бернабеу“?

Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми со повреди, особено во одбранбениот дел од тимот. Покрај Едер Милитао, кој е отсутен поради повреда на лигаментите, нова повреда заработи и Дани Карвахал, кој ќе паузира до крајот на сезоната. Списокот на повредени играчи на Реал ги вклучува и Тибо Куртоа, Андриј Лунин, Брахим Дијас и Винисиус јуниор, што дополнително го отежнува изборот на тренерот Карло Анчелоти.

Според „Мундо депортиво“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, ја разгледува можноста да ја врати во клубот легендата Серхио Рамос, кој во моментов е слободен играч.


Рамос одигра 16 сезони за Реал Мадрид и освои сè што може да се освои со овој клуб, а пред три години го напушти „Бернабеу“ и се пресели во ПСЖ. По двегодишниот престој во Париз, се врати во Севилја, а сега, по завршувањето на неговиот договор, повторно е без клуб.

Серхио Рамос имаше неколку понуди од клубови надвор од Европа и беше близу до потпишување договор со египетскиот Замалек, но сè уште не донел конечна одлука за својата иднина.

Шпанските медиуми додаваат дека дури и Реал Мадрид да го врати Рамос, клубот планира да доведе уште едно засилување за дефанзивната линија во јануарскиот трансфер-период.

Со оглед на повредите и неизвесноста во одбраната, ова би можело да биде итен потег на Перес за да се стабилизира тимот и да се задржи натпреварувачката форма во тешката и напорна сезона.

Покрај Реал Мадрид, интерес за Серхио Рамос како слободен агент покажува и Јувентус, кој исто така има проблеми со повредите во дефанзивната линија на тимот.

- Оглас -

Најнови вести