ФК Вардар добива унгарски сопственик

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија ќе има нов сопственик.

Според информациите на СпортМанија, од 07.10.2024, по предходно потпишан договор, заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили, преземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото.

Следува финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар, кој моментално е на претпоследното место на табелата во Прва лига само со седум освоени бода од девет одиграни меча.

- Оглас -

Најнови вести